Се чека одлука за жалбите на СЈО
Вчера Советот ги одби четирите жалбите што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство откако судиите во претходна постапка ги одбија барањата за одредување мерка притвор на осомничените во случајот „Титаник“.

Кривичниот совет треба да одлучи по жалбите на обвинителството на Јанева за преостанатите пет осомничени за изборни нерегуларности на кои исто така не им беше изречена мерка притвор.
Вчера Советот ги одби четирите жалбите што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство откако судиите во претходна постапка ги одбија барањата за одредување мерка притвор на осомничените во случајот „Титаник“.
Од судот информираа дека решенијата се доставени до странките во случајот и немаат право на жалба.
Судиите во претходна постапка, мерки за претпазливостим изрекоа единствено на градоначалникот на Пустец, кој треба еднаш неделно да се јавува во ресенскиот Суд и на поранешниот секретар на општинската изборна комисија во Чаир.
