Гергл најбрза во Кортина
Елизабет Гергл продолжува со извонредните настапи во Светскиот куп. По спуст триумфот во Алтенмаркт, 32 годишната Австријка ја изнајде победничката линија на супервелеслаломот во Кортина. Патеката долга 2195 метри ја мина за 1:24.23.Ова е втора победа на Гергл во сезоната, шеста нејзина радост во кариерата во Светскиот куп. Супервелеслаломот во Кортина беше еден од најнеизвесните во сезоната. Германката Марија Хефл-Риш беше второпласирана со заостанок од само 4 стотинки зад победничкото време на Гергл.Трета е Австријката Никол Хосп со 24 стотинки послаб резултат.

По 4-те одржани супревелеслаломи на чело е Швајцарката Лара Гут со 248 бодови, пред Австријката Ана Фенингер со 245 и Тина Вајратер од Лихтенштајн со 230. Марија Хефл-Риш ја зголеми предноста во генералниот пласман. Води со 861 бодови пред Ана Фенингер со 754 и Тина Вајратер со 723.
Утре скијачките денови во Кортина продолжуваат со женскиот спуст. Машкиот дел од скијачкиот карван излегува на најпозната светска патека во Кицбил. Возбудливиот скијачки викенд ќе го отворат специјалистите за слалом.