Скопје и Штип меѓу најдобрите градови во Европа за инвестирање

19.02.2016 16:23

Во категоријата мали европски градови Скопје е лидер според трошоците за инвестирање и во групата топ 10 дестинации е рангиран пред 4 украински и 5 бугарски градови. Исто така, во категоријата мали европски градови до 100 илјади жители, Штип е на првото место според трошоците за инвестирање пред 4 украински, 3 српски и по еден латвиски и босанско херцеговски конкурент...

Реномираниот британски „Фајненшл тајмс“ ја објави публикацијата „ЕФ-ДИ-АЈ Магазин“ со табелите на рангирани повеќе од сто градови од Европа, поделени во десетина економски категории, со најголем и најповолен потенцијал за привлекување странски инвестиции. 

Во категоријата мали европски градови Скопје е лидер според трошоците за инвестирање и во групата топ 10 дестинации е рангиран пред 4 украински и 5 бугарски градови. Исто така, во категоријата мали европски градови до 100 илјади жители, Штип е на првото место според трошоците за инвестирање пред 4 украински, 3 српски и по еден латвиски и босанско херцеговски конкурент.

Во категоријата стратегија за привлекување странски инвестиции, Скопје е рангирано на шестото место во топ 10 најдобри дестинации, идентично како и Штип во категоријата на микро градови. Скопје се најде пред Пилсен, Белфаст, Гент и Дербу, а зад Корк, Данди, Гренобл и Лублин. Штип годинава е рангиран пред Јастребарско, Врање, Јелгава и Тарту, а зад Иванец, Лимерик, Вентспилс, Приједор и Галвеј.

Штипскиот градоначалник Захариев го потврдува интересот на странските компании за инвестирање, затоа што се продадени сите понудени локации за градење. Тој очекува зголемување на интересот за вложување со градењето на автопатот Штип- Скопје, гасификацијата, подигањето на квалитетот на електропреносот, изградбата на карго аеродромот.

Захариев најави и изградба на неколку локални индустриски зони за што се подготвуваат детални урбанистички планови.

 

Свето Николовски