Се очекува оценката на САД и ЕУ
19.02.2016 16:37
Од седиштата на Брисел и на Вашингтон во Македонија нема официјална информација кога ќе бидат соопштени детали од извештајот.

Се очекува оценката од Eвропската унија и од Соединетите Американски Држави за подготвеноста на земјава да организира избори на 24-ти април.
Од седиштата на Брисел и на Вашингтон во Македонија нема официјална информација кога ќе бидат соопштени детали од извештајот.
Областите кои се анализираа беа пречистување на избирачкиот список, известувањето на медиумите и одвоеноста на државата од партијата.
