Објавувањето на проценката на ЕУ и САД за изборите одложена за утре
20.02.2016 12:27
Областите кои се анализираа беа пречистување на избирачкиот список, известувањето на медиумите и одвоеноста на државата од партијата.

Проценката на ЕУ и САД дали се создадени услови за предвремени парламентарни избори на 24 април наместо денеска ќе биде објавена утре по барање на лидерите на политичките партии, потврдија од Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ.
Првично амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли најавија дека проценката за изборите ќе биде објавена на 19 или 20 февруари.
Областите кои се анализираа беа пречистување на избирачкиот список, известувањето на медиумите и одвоеноста на државата од партијата.
