Инвестициски самит на ЕБРД во Лондон

22.02.2016 08:23

Главни тема на средбата ќе бидат можностите за проширување на транспортната мрежа и регионалното поврзување во југоисточна Европа, модернизацијата на изворите на обновлива енергија, условите за инвестиции и водење бизнис во регионот...

Политички и бизнис лидери од повеќе држави денеска во Лондон ќе учествуваат на инвестциски самит во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Главни тема на средбата ќе бидат можностите за проширување на транспортната мрежа и регионалното поврзување во југоисточна Европа, модернизацијата на изворите на обновлива енергија, условите за инвестиции и водење бизнис во регионот, како и поддршката на директните странски инвестиции и прекуграничните проекти.

На маргините на форумот се очкува одржување на повеќе билатерални средби на учесниците.

Ова е втора ваква средба организирана од ЕБРД по онаа што се одржа во февруари 2014 година.