Македонија претставена на најголемиот саем за туризам во регионот
Во Белград во тек е 38-от меѓународен саем за туризам на кој меѓу 55 држави е претставена и Македонија...

Во Организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, заедно со три агенции, два хотели и две винарии, Македонија покрај 55 држави на саемот се презентираше со намера за зголемување на бројот на туристи од Србија.
„Само минатата година имамае вкупно околу 43.000 посетители од Србија, што е за околу 6,8% зголемен интерес. Во изминатите 5 години тој пораст е постојан меѓу 4-6% и според најавите очекуваме пораст и годинава“, вели Зоран Николовски - Агенција за поромоција и подшрка на туризмот на РМ.
Саемот во Белград беше можност за ХОТАМ да во рамките на Балканската хотелска асоцијација договори заеднички настап за македонските хотели на трети далечни пазари-
„Се направија договори каде што ќе настапува и Македонија преку БАХА. Покрај Македонија, во БАХА членуваат Србија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Албанија, БиХ и Хрватска“, изјави Крсте Блажевски, директор на ХОТАМ.
И туристичките агенции задоволни од контактите, каде покрај српските туристи договорено е зголемување и до 20% на посетители од други земји, меѓу кои и од Израел
„Искористена е можноста да го потврдиме доаѓањето и на израелски тур- оператор во Македонија да ја започне и тој програмата преку чартер летови на линијата Тел Авив-Охрид, каде што ќе бидат понудени хотелите како што се Изгрев, Метропол и други хотелски комплекси“, вели Асим Меџедовиќ- директор ТА Фибула.
Годинава земја партнер на саемот е Словенија, додека идната године ќе биде Црна Гора. Очекувањата се дека и Македонија во иднина ќе биде земја партнер на најголемиот саем за туризмот во регионот.
1.150 учесници од 55 држави ширум светот на саемот ги презентираат туристичките, културни и природни потенцијали со цел привлекување на српските туристи во нивните земји. Меѓу нив е и Македонија.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
