Бегалска криза: Примена на единствен документ за Балканската рута
Овој документ беше договорен на средбите на директорите на полициите на државите од западно- балканската рута...

Медиумите во Србија и во Хрватска јавуваат дека на српската граница не се пропуштаат бегалците од Авганистан, поради тоа што и Македонија ја затворила границата за овие бегалци.
На граничните пунктови на јужната македонска граница се спроведува регистрацијата на бегалците од Аирија и од Ирак, со единствен документ, при што бегалците треба да го докажат идентитетот со меѓународна патна исправа.
Овој документ беше договорен на средбите на директорите на полициите на државите од западно- балканската рута.
На границата денеска се очекува да се распоредат и полицајците од Австрија, најверојатно десетмина, покрај полициите од Хрватска, Словенија, Словачка и Србија.
