Заменичката на Меркел бара мигрантски дневни квоти
22.02.2016 11:37
Лани во Германија влегоа повеќе од милион баратели на азил...

Потпретседателката на Христијанско- демократската унија, Јулија Клекнер повика на воспоставување центри на границите, од каде што на бегалците ќе им биде дозволен влез во Германија врз основа на дневни квоти.
Лани во Германија влегоа повеќе од милион баратели на азил, а европските земји се длабоко поделени околу начинот на решавање на мигрантската криза.
