„Риголето“ во среда на сцената на МОБ

22.02.2016 11:50

„Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго.

После одличната претстава на почетокот од овој месе, по барање на публиката, во среда на 24-ти февруари со почеток од 20 часот, на сцената на МОБ, повторно ќе биде изведена оперската претстава „Риголето“, на прославениот Џузепе Верди.

„Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго.

Во претставата настапуваат Риголето- Борис Трајанов, Џилда- Нада Талевска-Спасовска, Војводата од Мантова- Зоран Сотиров, Спарафучил- Владимир Саздовски, Мадалена- Вишња Радосав (Србија) .

Во останатите улоги ќе настапат: Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Билјана Јосифов, Васко Здравков,  Дарко Нешовски, Ана Ројдева-Талевска, Марија Наумовска и Славчо Димовски.

Диригент е Бисера Чадловска.