Кривична пријава за 14 лица во вчерашната тепачка кај превојот Стража
Со кривичната пријава се опфатени 11 навивачи од Црна Гора и 3-ца навивачи на „Шкендија“.

Тетовската полиција ќе поднесе кривична пријава за 14 лица учесници во вчерашната тепачка на превојот Стража меѓу навивачите на тетовскиот фудбалски клуб „Шкендија“ и на ракометниот клуб „Будуќност“ од Црна Гора.
Со кривичната пријава се опфатени 11 навивачи од Црна Гора и 3-ца навивачи на „Шкендија“.
Лицата ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на гостиварскиот Основен суд, информира портпаролот на СВР-Тетово, Јосифоски.
Продолжува идентификувањето и на други учесници во тепачката и расветлување на инцидентот.
Во тепачката едно лице било прободено со остар предмет, едно добило расченици на главата, а уште 10-на побарале медицинска помош во гостиварската и во кичевската болница.
