Бензините поевтинуваат за три денари, цената на дизелот останува иста

22.02.2016 12:33

Дизелот ќе се продава по иста цена, за половина денар поскапува екстра лесното масло за домаќинство, а поевтинува мазутот.

Регулаторната комисија ја направи пресметката за следниве две недели. Бензините од полноќ поевтинуваат за три денари.

Дизелот ќе се продава по иста цена, за половина денар поскапува екстра лесното масло за домаќинство, а поевтинува мазутот.

Во просек, малопродажните цени се намалуваат за 2,26 проценти.

Регулаторот пресметал дека во изминативе две недели, се намалила просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар, а бил понизок и курсот на денарот во однос на доларот.