Тече рокот за доставување на годишните сметки

22.02.2016 13:12

Согласно со Законот за трговски друштва, средните и големите правни лица се должни до Централниот регистар да ги поднесат годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма.

Истекува рокот за доставување на годишните сметки за 2015-та. Даночните обврзници треба да ја завршат својата обврска до 29-ти месецов, ако се поднесува по електронски пат, последниот рок е 15 март.

Согласно со Законот за трговски друштва, средните и големите правни лица се должни до Централниот регистар да ги поднесат годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма.

За таа цел, Регистарот ќе работи и за викендот.