Анкара: 14-мина се товарат за терористичка организација

22.02.2016 13:15

Судот наложил тие да бидат задржани во притвор до судењето. Седуммина кои беа под истрага се ослободени поради немање докази за нивната вина.

Судот во Анкара покрена обвиненија против 14-мина обвинети за убиството што се случи во средата во турскиот главен град. Загинаа 28 луѓе, меѓу нив војници и цивили. Групата се товари за терористичка организација, фалсикување на документи и злоупотреби.

Судот наложил тие да бидат задржани во притвор до судењето. Седуммина кои беа под истрага се ослободени поради немање докази за нивната вина.

Истрагата се уште не утврдила каков ангажман имале во нападот на воен автобус. Одговорноста  ја презеде курдската милитантна група од Турција. Владата тврди дека зад нападот стојат сириските Курди.