Визи за Босанците од Косово?!

23.01.2014 13:56

Косовската Влада ја усвои одлуката за воведување визи за граѓаните на Босна и Херцеговина. Одлуката е донесена како реципрочна мерка, бидејќи властите во Сараево не ги укинале визите за граѓаните на Косово.

За да патуваат во Босна и Херцеговина, косовските граѓани треба да аплицираат за виза, а самиот процес за добивање виза има строги услови. Косовските медиуми, пак, анализираат зошто е тоа така. „Коха диторе“ објави дека визите за косовските граѓани ќе бидат укинати кога ќе се запре илегалната имиграција.

- Косово треба да ги исполни сите поставени услови за либерализација на визниот режим, но и да докаже дека нема опасност од миграција пред Европската комисија да може да им препорача на Советот и на Европскиот парламент укинување на визите за граѓаните на Косово, се истакнува во соопштението од ЕК..

Лидија Чакар