Коцијанчич: Не се исполнети условите за кредибилни избори

22.02.2016 15:15

Меѓународната заедница бара услови за одржување веродостојни избори, изјави во Брисел портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич...

Постигнат е напредок при исполнувањето на јунско- јулскиот договор, но меѓународната заедница бара услови за одржување веродостојни избори, изјави во Брисел портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

„Оценката покажа дека во оваа фаза, потребните услови за организирање на кредибилни избори на 24 април во моментов не се обезбедени, иако е постигнат прогрес. Во овој контекст, ние веруваме дека сериозни напори на сите засегнати страни се потребни за да се обезбеди дека ќе бидат обезбедени погодни услови за кредибилен изборен процес, каде сите граѓани и партии слободно ќе партиципираат“, рече Коцијанчич.