ВМРО- ДПМНЕ: Има услови за фер и демократски избори
22.02.2016 15:17
Според ВМРО ДПМНЕ, проценката се заснова врз политичка одлука, а не на факти.

ВМРО- ДПМНЕ смета дека постојат услови за одржување фер и демократски избори, и дека претставниците од ЕУ и САД, не претставија ниту еден сериозен и веродостоен документ во прилог на тезата за неподготвеноста на земјата.
Според ВМРО ДПМНЕ, проценката се заснова врз политичка одлука, а не на факти.
Од партијата велат дека овие состојби може да ја воведат земјата во нови проблеми, со продлабочување на кризата, спротивно од она што го очекуваат граѓаните од партиите и од меѓународната заедница.
