Метео: Утре сончево и топло, од среда пониски температури
22.02.2016 15:42
Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд, особено во текот на ноќта.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.
Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд, особено во текот на ноќта.
Од среда се очекува посвежо време со пониски температури кои ќе продолжат да опаѓаат и во наредните денови.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
