ДИК подготвена за ажурирање на избирачкиот список
Во моментов се врши проверка на податоците во секоја од базите, по што податоците ќе бидат префрлени во единствен сервер на Државната изборна комисија, на кој ќе се вршат вкрстените проверки.

Државната изборна комисија ги донесе сите потребни акти за постапката за проверка и ажурирање, како и целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во избирачкиот список.
Извршено е вчитувањето на податоците во една единствена база и нивно стандардизирање и оптимизирање во потребен формат, соопштуваат од Комисијата.
Во моментов се врши проверка на податоците во секоја од базите, по што податоците ќе бидат префрлени во единствен сервер на Државната изборна комисија, на кој ќе се вршат вкрстените проверки.
Тимот на консултанти ќе подготви и ќе го презентира финалниот извештај, по што трите ИТ компании ќе ја извршат вкрстената проверка на базите на податоци, информираат од ДИК.
