Почна да се применува новиот систем за регистрација на бегалците долж Балканската рута
На границите низ Балканската тура од полноќ почна да се применува новиот систем за регистрација на бегалците. Сега, од Гевелија до Австрија, се користи стандардизиран документ. Во профилирањето и во регистрацијата на нашата јужна граница учествуваат и полицајци од земји- членки на Европската унија...

Во Македонија ќе влезат сите кои ги исполнуваат условите. Државниот секретар, Анастасија Илиеска тврди дека земјава ги почитува сите договори и декларации за бегалската криза.
„Вршиме разговор, профилација, идентификација, регистрација... Сите оние лица кои што ги исполнуваат условите кои се дефинирани ги пропуштаме. Критериуните ги наметнуваат земјите кои се крајна дестинација, најчесто Германија и Австрија, а ние, транзитните земји сме принудени да ги почитуваме тие услови, бидејќи желбата и намерата на овие лица е да стигнат до земјите кои им се крајна дестинација, а не да останат во Македонија, Србија, Хрватска или Словенија“, изјави Анастасија Илиеска, државен секретар во МВР.
Од Брисел велат дека границите долж балканската рута не се затворени.
„Според нашите информации, границите долж западно-европската рута не се затворени. Но државите од оваа рута постојано разменуваат информации, како што беше тоа и за викендот. Да повторам границите не се затворени, но морате да разберете дека законски мора да се почитува меѓународното право, односно Женевската конвенција за бегалците со извршување на европското право, што се однесува и на трети земји“, вели портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто.
Денеска на јужната граница кај каменот 59, дел од бегалците, авгснистански државјани се обидоа, на сила да ја преминат оградата.
Наташа Гркова- Петрушевска
