Продолжува судскиот процес за настаните во „Диво насеље“
Обвинетите не ги признаваат делата. Според обвинителството, групата била организирана на три нивоа. Командна структура од Косово ги дала наредбите на логистиката во Македонија која, пак, ги снабдувала терористите со храна, оружје и со финансии.

Денеска продолжува судењето на 29-темина обвинети за тероризам за настаните од 9-ти и 10-ти мај во кумановската населба „Тоде Мендол“. Обвинетите не ги признаваат делата.
Најголем дел од нив се изјаснија дека не се виновни, а дел на последното рочиште тврдеа дека никогаш не биле во Гошинце и во Куманово.
Според обвинителството, групата била организирана на три нивоа. Командна структура од Косово ги дала наредбите на логистиката во Македонија која, пак, ги снабдувала терористите со храна, оружје и со финансии.
Доказите се поделени во два дела, едни за случајот „Гошинце“, а другите за „Диво насеље“.
Во вооружениот судир со терористичката група загинаа 8-мина полицајци, а 42-ца беа повредени.
