Вајгл, Кукан и Ховит на средби со претставници на политичките партии
23.02.2016 10:25
Целта е да помогнат да се елиминираат партиските разлики и да се најде решение за моменталната политичка ситуација во земјава...

Тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, според најавите на евроамбасадорот Аиво Орав, доаѓаат во Македонија.
Како што објави синоќа на својот официјален Твитер профил, целта е да помогнат да се елиминираат партиските разлики и да се најде решение за моменталната политичка ситуација во земјава.
Евроамбасадорот Орав вели дека денеска е последната шанса за договор и потсетува дека на 24-ти февруари, поточно од вторник на полноќ почнува да важи одлуката за распуштање на Собранието, 60 дена пред првично договорениот датум за избори на 24-ти април.
