И Радванска во публика... На Ли и Цибулкова заслужено финалистки
На последниот ден на првиот тениски грен слем, Австралискиот...

На последниот ден на првиот тениски грен слем, Австралискиот, на женскиот дел од турнрот ќе играат 4-тата носителка На Ли и 20-тата Цибулкова.
Продолжува да го сонува со широко отворени очи својот сон на 25 години во 7-то појавување на терените на Мелбурн Парк словачката тенисерка Цибулкова. Таа уште едно големо носителско име стави пред себе на колена, Радванска 5-тиот рекет (6:1, 6:2) која беше нејзината трета сириозна жртва по Шарапова и Халеп.
Кога секоја логика пред почетокот на мечот веќе ги гледашe Радванска и На Ли во финалиот ден, Доминика Цибулкова за еден час и 10 минути и убедливи два сета во кој и дозволи на фаворитката само на трипати да се понадева. Словачката даде до силна потврда дека изминатите 11 дена по Мелбурнските врели терени не биле чиста среќа и случајност. Таа воедно испиша ново историско поглавје на Австралискит турнир како и за својата земја, како прва словачка тенисерка дел од финалето на првиот сезонски грен слем.
Дали ќе успее да одолее, ама буквално на налетот на кинеската На Ли која и покрај препуштените 6 гема на супер изненадувањето, 19 годишната канадска тинејџерка Бушар 30-то рангираната,(6:2, 6:4) сепак рутински ја приведе мисијата второ финале со ред или трето севкупно, во кое цврсто е решена овој пат нејзините отпечатоци да бидат евидентирани на Австралискиот пехар. И тука статистиката и пишаното вели дека На Ли е фаворит во мечот со 24-тата во ВТА поредокот Цибулкова, додавајќи го и податокот дека досегашните 4 меѓусебни соочувања одат на сметка на кинеската ѕвезда.