Бегалска криза: Македонија постапува согласно ЕУ- практиките
23.02.2016 10:32
Македонија соодветно на договорот со земјите од балканската рута пушта онолку бегалци колку што ќе се пуштаат на другите граници.

Транзитните центри во Македонија се полнат со бегалци, како последица на построгите мерки на контрола, квотите за азил и транзитот во одделни земји од балканскиот коридор.
На Табановце има околу 700-ни бегалци од Авганистан што се вратени од хрватската граница.
Македонија соодветно на договорот со земјите од балканската рута пушта онолку бегалци колку што ќе се пуштаат на другите граници.
Во кампот кај Идомени на грчка територија има повеќе од 4 илјади бегалци.
Македонија засега не планира да ги затвори границите за бегалците, но и нема да дозволи да стане тампон зона, велат од Министерството за надворешни работи.
