Обама бара од Конгресот 1,9 милијарди долари за борба против вирусот „Зика“
23.02.2016 10:35
Побара и флексибилно користење на средствата останати од Фондот за борба против Еболата во 2014-та.

Барак Обама побара од Конгресот да се одобрат 1,9 милијарди долари за да се спречи ширењето на вирусот „Зика“ во САД и во Јужна Америка.
Побара и флексибилно користење на средствата останати од Фондот за борба против Еболата во 2014-та.
Светската здравствена организација на 1-ви февруари прогласи вонредна состојба за вирусот. Предупреди дека годинава се очекува бројот на заболени да стаса до четири милиони.
