Бомбардирањето на камп на ИД во Либија, спречи напад во Тунис

23.02.2016 10:41

Неколку десетици екстримисти, меѓу кои и државјанин на Тунис се убиени во воздушниот напад во претходната недела.

Американското министерство за одбрана изрази увереност дека бомбардирањето врз камп за обука на Исламска држава во либија веројатно спречило напад на ИСИС во Тунис.

Неколку десетици екстримисти, меѓу кои и државјанин на Тунис се убиени во воздушниот напад во претходната недела.

Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејцис изјави дека во разурнатиот камп во Либија биле извршувани обуки за оперции како тие во Тунис.