Блокиран сообраќајот на граничниот премин „Богородица“

23.02.2016 11:20

Како што соопшти АМСМ, на јавниот собир ќе присуствуваат околу 62 такси возила и 12 автобуси...

Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ денеска од 10:00 до 12:00 часот ќе биде во прекин поради протест на Здруженијата на лиценцирани такси превозници и лиценцирани автобуски превозници од Гевгелија.

Како што соопшти АМСМ, повикувајќи се на информации од МВР, на јавниот собир ќе присуствуваат околу 62 такси возила и 12 автобуси, при што сообраќајот за влез и излез на граничниот премин ќе биде во прекин.