За 24 часа издадени нови 714 потврди за азил

23.02.2016 11:26

Според државјанството, потврди се издадени на 500 државјани на Сирија и на 214 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 714 странски државјани, од кои 262 од машки и 185 од женски пол, како и на 266 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кое патува без придружба на родител, соопшти МВР.

Според државјанството, потврди се издадени на 500 државјани на Сирија и на 214 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 85.846 странски државјани, од кои 34.079 се од машки пол, 18.696 се од женски и 32.863 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 208 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-41.769, Авганистан-26.546 и Ирак-17.528.

Во истиот период до Секторот за азил, барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда.