Оланд ги призна нуклеарните тестови во Полинезија

23.02.2016 12:12

„Сакам официјално да призаам пред вас дека нуклеарните тестови извршени од 1960 до 1996 година се одразија врз животната средина и имаа здравствени последици“, изјави Оланд.

Франција презема одговорност за штетите што ги предизвикала во Полинезија со своите нуклеарни проби, изјави претседателот Франсоа Оланд.

„Сакам официјално да призаам пред вас дека нуклеарните тестови извршени од 1960 до 1996 година се одразија врз животната средина и имаа здравствени последици“, изјави Оланд.

Најави активирање на процесот за разгледување на барањата на жителите од Полинезија за исплата на надоместоци.