Спасовски: Оставки на министрите ако се распушти Собранието

23.02.2016 12:58

Собранието по одлуката што ја донесоа пратениците на 18-ти јануари, вечер на полноќ трeбa да се распушти со цел одржување предвремени парламентарни избори на 24-ти април, согласно со договорот од Пржино...

Министрите и замениците министри во владата од СДСМ ќе поднесат оставки доколку се ефектуира одлуката за самораспуштање на Собранието, изјави министерот за внатрешни Спасовски.

„Во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24 април. Тоа е директно потврдно и од меѓународната заедница од ЕУ и САД. Без прочистен избирачки список и без реформи за слободни медиуми нема услови за регуларни кредибилни избори. СДСМ нема да ги алиментира нерегуларните, неслободните и недемократски избори коишто ги најавува ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Спасовски.

Доколку остане во сила одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18-ти јануари годинава, бараме оставките претходно да се констатираат, нагласи Спасовски.

Собранието по одлуката што ја донесоа пратениците на 18-ти јануари, вечер на полноќ трeбa да се распушти со цел одржување предвремени парламентарни избори на 24-ти април, согласно со договорот од Пржино. Засега нема формална иницијатива до Собранието за промена на одлуката за самораспуштање.