Утре Караванот „Купи куќа за млади“ во Охрид и Струга

23.02.2016 13:26

Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини...

Утре во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржат презентации во Охрид, во Општината и во Струга, во хотел „Солферино“. Презентациите почнуваат во 17 часот, соопштуваат од Министерството за финансии.

Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини. Следните презентации се во Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.