Се гради нова фискултурна сала во среднто училиште „Боро Петрушевски“
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на почетокот на градежните работи од првата фаза од проектот појасни дека салата ќе има приземје со површина од 1.015 метри квадратни, како и кат со вкупна површина од 408 м2.

Стартуваше првата фаза од изградбата на новата фискултурна сала во средното училиште „Боро Петрушевски“. Издвоени се околу 11 милиони денари. Првиот дел од градежните работи треба да заврши за 7 месеци.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на почетокот на градежните работи од првата фаза од проектот појасни дека салата ќе има приземје со површина од 1.015 метри квадратни, како и кат со вкупна површина од 408 м2.
АСУЦ „Боро Петрушевски“ досега немаше фискултурна сала и учениците наставата по физичко воспитување ја остваруваа во повеќе сали надвор од училиштето, пред се во салата на „Металург“ во Автокоманда, како и салата на СУГС „8 Септември“, истакна Трајановски.
Според него со изградбата на новата фискултурна сала за околу 930 ученици кој посетуваат настава во АСУЦ „Боро Петрушевски“ ќе се подобрат условите за одржување на настава по физичко воспитување.
