На саемот за градежништво општините ќе понудат земјиште за изградба на куќи

23.02.2016 13:40

Ќе бидат претставени проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“. За првпат општините ќе понудат земјиште за изградба на куќа за млади, а се очекува повеќе градежни компании да понудат станови со попусти.

Повеќе од 100 компании и околу 14 општини ќе се претстават  на меѓународниот саем за градежништво што ќе се одржи од 1 до 5 март. Ќе бидат претставени проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“. За првпат општините ќе понудат земјиште за изградба на куќа за млади, а се очекува повеќе градежни компании да понудат станови со попусти.  

На Саемот за градежништво годинава ќе учествуваат 90 компании, а во рамки на Саемот за недвижнини 20 компании, значи вкупно 110 компании. Имаме учесници и од странство, од Германија, Турција и Србија. Конкретно за проектот „Купи куќа за млади“ на саемот ќе настапат и 14 општини кои ќе понудат плацеви за изградба на куќи. Во рамките на Караванот кој го организираат од страна на Министерството за финансии ќе се доделуваат влезници за посетителите и за сите заинтересирани за  проектот преку што би го решиле своето станбено прашање, изјави Валентина Димитрова, комерцијален директор на Скопски саем.

Покровител на Саемот за градежништво, втора година по ред е Министерството за финансии со проектите „Купи куќа, за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.