Македонија и Словачка ја зајакнуваат економската соработка
По потпишаниот меморандум, за прв пат заседаваше мешовитата комисија од двете земји, која треба да ги отвори вратите за бизнисот...

Македонија и Словачка ја зајакнуваат соработката во делот на индустријата, трговијата со вино, текстил, автомобилскиот и ИТ секторот. По потпишаниот меморандум, за прв пат заседаваше мешовитата комисија од двете земји, која треба да ги отвори вратите за бизнисот.
Ова е еден силен сигнал за нашите производители и купците, да се сретнат на едно место и да ги призентираат производите, со цел да видат во кој дел би можеле да произведуваат. Можеби најважен дел од оваа соработка е нивното искуство во делот на искористување на европските фондови, изјави заменик- министерот за економија, Христијан Делев.
Идентификувани се повеќе области кадешто можеме да најдеме заеднички интерес. Особено ме радува тоа што најдовме конкретни компании и проекти каде постои потенцијал бидејќи важно е да се посвети внимание на реални проекти со што ќе ја зајакнуваме нашата соработка и трговија, изјави словачкиот државен секретар за економија Растислав Чованец.
Најголема соработка се очекува во делот на автомобилската индустрија каде, според двете страни, има големи можности.
