Сирија: Избори на 13-ти април, опозицијата прифати спогодба

23.02.2016 14:27

Посветеноста за примирјето е условено со прекин на опсадата, меѓудругото и испорачување на хуманитарната помош, се наведува во соопштението на Високиот комитет за преговори.

Претседателот на Сирија, Башар ал Асад распиша парламентарни избори на 13-ти април. Главната сириска опозиција ја прифати спогодбата за прекин на непријателството. Договорено е позитивно да одговорат на меѓународните напори за да се дојде до мировна спогодба.

Посветеноста за примирјето е условено со прекин на опсадата, меѓудругото и испорачување на хуманитарната помош, се наведува во соопштението на Високиот комитет за преговори.

Претходно, САД и Русија објавија договор за прекин на непријателството во Сирија, во кој не се вклучени екстремичките групи Исламска држава и Фронтот ал-Нусра.

Договорот меѓу Русија и Америка за прекин на огнот во Сирија треба да стапи во сила сабота кон недела.