МОБ: Зголемена продукцијата на претстави, најавени нови проекти

23.02.2016 14:43

Во Македонската опера и балет во тек е реализацијата на неколку проекти. Приоритет е обновата на големата сала, но и заштеда преку системот за греење и ладење. Во последните три месеци е зголемена и продукцијата на претстави, велат од МОБ...

30 оперски, балетски и претстави за деца се изведени за неполни два месеца во Македонската опера и балет. Директорот Игор Дурловски вели дека има многубројна  публика и е зголемен приходот од продажбата на билети.

Директорот на операта Сони Петровски рече дека новите дела ќе ги изведуваат и во градови низ државава. Се подготвуваат и за 44-те Мајски оперски вечери.

Во план е реконструкција на подот и елетктричната инсталација на големата сала на МОБ, замена на сите седишта во гледалиштето и поставување лед – екрани за следење на претставите.

Уметничкиот директор на балетот, Олга Панго го соопшти билансот на претставите - има осум до десет месечно заедно со оние за деца.

Александра Перевска