Промовирани монографии за македонските дејци

23.02.2016 15:54

Монографиите содржат автентични историски сведоштва кои за прв пат им се достапни на читателите. Фактите, велат промоторите, се црпени од балканските и европски архиви и библиотеки, како и светските научни статии.

Да не биде заборавено делото на македонските револуционери, учители и идеолози. 15 монографии кои сведочат за пожртвуваноста на Ѓорче Петров, Ѓорги Попхристов, Љубомир Милетиќ, Васил Чакаларов како и нивните соборци, беа промовирани како дел од едицијата – Монографии за македонското револуционерно движење.

Монографиите содржат автентични историски сведоштва кои за прв пат им се достапни на читателите. Фактите, велат промоторите, се црпени од балканските и европски архиви и библиотеки, како и светските научни статии.

Досега се промовирани дваесет монографии, а проектот опфаќа уште дваесет.

 

Анита Димитријевска