Продолжува судскиот процес за „Диво насеље“, сослушани сведоци на обвинителството

23.02.2016 16:23

Инаку, со објаснување дека се реновира салата во Врховниот суд, распитот е во Кривичниот суд. Беше побарано само неколку медиуми да го следат судењето.

Во скопскиот Кривичен суд продолжи судскиот процес против 29-темина обвинети за тероризам. Пред Судскиот совет сослушани сведоци на обвинителството. На претходните рочишта обвинетите се изјаснија дека се невини.

Обвинителството тврди дека нападот во „Диво насеље“ бил добро организиран, а обвинетите настапиле со директна умисла.

Инаку, со објаснување дека се реновира салата во Врховниот суд, распитот е во Кривичниот суд.

Беше побарано само неколку медиуми да го следат судењето. Сепак, новинарските екипи решија да останат пред судот.

По денешната главна расправа судот преку соопштение се извини до медиумите. Наредното рочиште со доказна постапка е закажано за 25-ти.