Смртна закана за Борисов

23.02.2016 17:01

Веднаш по настанот, тој изјави дека не е загрижен и верува дека оваа постапка е реакција на неговата борба против шверцот и корупцијата.

Смртна закана за бугарскиот премиер, Бојко Борисов. На адресата на владата во Софија стигнало писмо со фотографија, куршум и заканувачка порака за Борисов.

Веднаш по настанот, тој изјави дека не е загрижен и верува дека оваа постапка е реакција на неговата борба против шверцот и корупцијата.

Борисов минатата недела нареди да се сопрат сите сомнителни јавни набавки, меѓу кои и изградбата на дел од автопатот Хемус, вреден половина милијарда евра.