Собранието се распушта на полноќ, ДУИ со иницијатива за поништување на одлуката

23.02.2016 17:03

На полноќ стапува на сила одлуката за распуштањето на Собранието со што почнуваат да течат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24-ти април. Пратеничката група на ДУИ подготвила иницијатива за поништување на ваквата одлука...

За седум часа треба да прекине работата на актуелниот собраниски состав по што ќе почнат да течат роковите за одржување на изборите на 24-ти април. Одлуката за самораспуштање на Парламентот беше донесена на 18-ти јануари.

Но, во текот на денот, пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ) поведе иницијатива за отповикување на одлуката за распуштање на Парламентот. Пратеникот Артан Груби вели дека досега се собрани потребниот број потписи за ефектурирање на иницијативата, а на неа се потпишани се и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Иницијативата има неколку други датуми за одржување на предвремените парламентарни избори, наместо веќе утврдениот термин 24-ти април, но, од ДУИ не откриваат кои се тие.

Од партијата веат дека во моментов траат меѓупартиските консултации и договарања.

Меѓународната заедница во неделата излезе со проценка дека на 24-ти април не може да се одржат кредибилни изброи поради тоа што нема прочистен изборачки спиток и регулирана медиумска сфера.

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ е со став дека оценката била базирана на политички одлука, а не факти. Во претходните денови, во интензивната комуникација со ЕУ и САД на сите нивоа, како политичко, така и на техничко, се уверивме дека нема валидни аргументи за одложување на изборите, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ. А, опозициската СДСМ тврди дека нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април. За регуларни и кредибилни избори, потребен е прочистен избирачкиот список и реформи во медиумскиот сектор.

Како ќе се одвива развојот на настаните во македонското Собрание, останува да видиме.

 

Миле Ристески