Избори: Германското МНР се согласува со оценките на Европската комисија
Германската влада ги повика потписниците на спогодбата од Пржино и засегнатите партии да вложат напор и конструктивно да изнајдат заедничко решение, кое ќе ја придвижи земјата напред во правец на европската интеграција.

Германското министерство за надворешни работи се огласи за политичката состојба во земјава. Во соопштението е наведено дека „Сојузната влада ја дели оценката на Европската комисија околу подготовките за парламентарни избори, односно дека се потребни понатамошни реформски чекори, пред да постои можност за избори според европски стандарди“.
Германската влада ги повика потписниците на спогодбата од Пржино и засегнатите партии да вложат напор и конструктивно да изнајдат заедничко решение, кое ќе ја придвижи земјата напред во правец на европската интеграција.
Германија ни порачува: „Потребни се еднакви шанси за сите партии, веродостојни избирачки списоци, медиумски реформи, кои се уште не се спроведени, како и разграничување меѓу партија и држава“.
Според германското МНР, владејачката партија не смее да се огради од сознанието дека изборите ќе и помогнат на земјата единствено ако претходно се создадат предуслови за нивно фер спроведување, согласно со европските стандарди.
