Европратениците Вајгл, Кукан и Ховит во Македонија

23.02.2016 17:12

Европратениците информирале дека Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложиле гласањето за резолуцијата за земјава која што требаше да содржи препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите со ЕУ.

„Контруктивна средба - ова е кусиот коментар на тројката европратеници Иво Вајгел, Ричард Ховит и Едвард Кукан по состанокот со раководството на СДСМ.

Од опозициската партија велат дека заеднички било оценето дека договорот од Пржино мора да се исполни во целост за да се создадат потребните услови за одржување слободни, фер и демократски избори во Македонија.

Европратениците информирале дека Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложиле гласањето за резолуцијата за земјава која што требаше да содржи препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите со ЕУ.

Европратениците се сретнаа и со првите луѓе на ДУИ и ДПА.