В понеделник ќе стартува судењето за „Шпион“

23.01.2014 14:53

В понеделник стартува судењето за случајот „Шпион“...

В понеделник стартува судењето за случајот „Шпион“. Со обвинителниот акт се опфатени  деветнаесет лица. Ќе одговараат за шпионажа, уцена, измама, изнуда, закана  и злосторничко здружување.

Поради степенот на тајност и чувствителност на доказите, судскиот процес за случајот „Шпион“ нема целосно да биде отворен за јавноста. Тоа не значи дека на адвокатите и на осомничените ќе им се скрати правото, но ќе мора да внимаваат да не се изнесуваат во јавноста класифицирани информации.

Новинарите ќе мора да информираат само за она што е официјално пренесено од судот, но не смеат да изнесуваат информации со кои би ја загрозиле безбедноста на државата.

Во групата според сомневањата на полицијата членувале поранешни и актуелни разузнавачи, полицајци, државни службеници, поранешни функционери, бизнисмени и новинари, кои продавале информации на странски служби.

Од Скопска единица велат дека ова е прв предмет за шпионажа во овој суд.

 

Наташа Гркова- Петрушевска