Министерска конференција за бегалската криза во Виена
На конференцијата за заедничко управување со миграцијата, според најавите од Виена, покрај домаќините ќе учествуваат и министрите за внатрешни и за надворешни работи од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

На иницијатива на министрите за внатрешни и за надворешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер и Себастијан Курц денеска во Виена ќе се состанат владини претставници на државите од Западен Балкан за да разговараат за состојбата по должината на балканската бегалска рута.
На конференцијата за заедничко управување со миграцијата, според најавите од Виена, покрај домаќините ќе учествуваат и министрите за внатрешни и за надворешни работи од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Цел на состанокот е усогласување на земјите- учеснички во врска со миграциските предизвици, при што ќе се разговара на теми што се однесуваат на внатрешната безбедност, како што се управувањето со границите и борба против криумчарите со луѓе и против екстремизмот.
