Рокот за исплата на откупеното грозје се скратува за три месеци

24.02.2016 10:11

Владата предожи скратување на рокот за исплата на откупеното винско грозје. Винариите наместо до 30-ти април, ќе треба целосно да го исплатат родот на лозарите до 31 јануари. Собранието вчера го изгласа овој предлог.

Се скратува рокот за исплата на откупеното грозје за 3 месеци.

Наместо до 30-ти април, според Законот за виното, трговците и винариите, откупеното винско грозје треба да го исплатат најдоцна во рок од 90 дена од откупот.

Во измените кои ги донесе Собранието се предвидува крајниот рок за исплата да биде 31-ви јануари. За секое доцнење винариите треба да плаќаат камата на лозарите.

Винариите кои имаат долгови кон лозарите министерството за земјоделство не ги запишува во регистарот на откупувачи и несмеат да вршат откуп.

Методија Трајков