5-ти јуни, нов датум за предвремени парламентарни избори

24.02.2016 10:32

Пратениците во македонското Собрание со 83 гласа „за“, три „против“ и ниту еден воздржан, на пет минути пред полноќ ја донесоа одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието и ги изгласаа измените во изборниот законик.

Новиот датум за предвремени парламентарни избори е 5-ти јуни, а Собранието ќе се распушти на 7-ми април. Пратениците во македонското Собрание со 83 гласа „за“, три  „против“ и ниту еден воздржан, на пет минути пред полноќ ја донесоа одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието и ги изгласаа измените во изборниот законик. Иницијативата за измените ја покрена пратеничката група на ДУИ, по што следуваа речиси целодневни меѓупартиски договарања во кои учестуваше и меѓународната заедница.