Груевски: Нема простор за оние што не ја сакаат Македонија

24.02.2016 10:37

На 5-ти јуни СДСМ ќе види што значи референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ, изјави Груевски.

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по усвоениот нов датум за избори изјави дека поместувањето на изборите на 5-ти јуни е за да не се остави простор да бидат погрешно разбрани, но и злоупотребени од оние што не и сакаат добро на Македонија. На 5-ти јуни СДСМ ќе види што значи референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ, изјави Груевски.