Бејли: Сите партии имаат одговорност за фер избори

24.02.2016 10:43

Американскиот амбасадор, Џес Бејли истакна дека сите партии ја имаат одговорноста на 5-ти јуни да се организираат фер и демократски избори...

Со изјава по полноќ излезе и американскиот амбасадор Џес Бејли придружуван од тројцата европратеници кои вчера имаа интензивни контакти со 4-те партии. Бејли во изјавата истакна дека сите партии ја имаат одговорноста на 5-ти јуни да се организираат фер и демократски избори и секоја од нив треба да направи напор договореното да се реализира.