Како да се спречи трговијата со луѓе?
Младите луѓе со своето неискуство се злопупотребуваат и стануваат лесен плен...

Младите луѓе со своето неискуство се злопупотребуваат и стануваат лесен плен кој завршува во матните патиште на трговијата со луѓе. Над 20 милиони луѓе во светот се жртви на трговијата со луѓе. Во Македонија во 2013 година според податоците регистрирани се 50 случаи на трговија со луѓе. Се претпоставува дека имало и повеќе случаи кои не се пријавени од повеќе причини.
Со цел да се подигне свеста кај младите за борба против трговијата со луѓе во Гостивар беше одржана панел презентација и дискусија на тема трговија со луѓе.
-Младинскиот совет во соработка со Стејт департменот и Американското карче во Тетово, денеска ќе се одржи панел дискусија за трговија со луѓе. Приоритет е сите млади луѓе да се запознаат и да учествуваат во оваа борба со трговијата со луѓе. Денеска ќе се презентираат статистички податоци од нашата земја, колку случаи има и како нашата земја учествува во борбата овој феномен да се намали. Оваа проблематика е таа која што повеќе ги опфаќа младите, вели Атива Арифи, претседател на Советот на млади во Гостивар.
Според проценките на Стејт департментот што ги изнесе нивниот експерт за ова прашање на денешната презентација, Македонија и Словенија се најдобри земји во регионот во борбата и спречувањето на трговијата со луѓе.
Емил Јовановски
