За 24 часа издадени нови 616 потврди за азил
Според државјанството, потврди се издадени на 393 државјани на Сирија и на 223 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 616 странски државјани, од кои 249 од машки и 146 од женски пол, како и на 221 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, соопшти МВР.
Според државјанството, потврди се издадени на 393 државјани на Сирија и на 223 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 86.462 странски државјани, од кои 34.328 се од машки пол, 18.842 се од женски и 33.084 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 208 деца кои патуваат без родител.Најбројни се државјаните на Сирија 42.162, Авганистан 26.546 и Ирак 17.751.
Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
